Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ СИ ПРАВИ ЛОШ ПИ-АР СО ИЗЈАВАТА ДЕКА СМЕ АВТОРИТАРНА ДРЖАВА, ПОРАЧА МИЦКОСКИ

Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме – вели тој.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство.

-Јас па напротив мислам дека поголема слобода во општество, во оваа една година, која што е и во медиумите, не постоела. Можеби треба да го прашате врз основа на кои критериуми, кои параметри, тој носи ваков заклучок. Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме.

Ние назадуваме во рамките на рефлектирањето на лажни вести и обидот да се спинуваат одредени вистини – изјави Мицкоски. Тој упати совет до претседателот на опозициската СДСМ, дека ваквите изјави не само што се лош пи-ар политики за него, туку се сосема погрешни.

-Можам само да го советувам која било изјава политичка, без разлика каква и да е, која доаѓа од некридибилна личност, посебно тоа што го рефлектира, не го чувствуваат граѓаните, ниту кој било друг тогаш тоа му се враќа како бумеранг и не само што нема добар пи-ар политички за него, туку напротив сосема погрешно, рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна конференција во Атина остро ја критикуваше актуелната влада во Македонија, нарекувајќи ја „десничарска и авторитарна“, со оценка дека не прави доволно за напредок во европските интеграции.

Во своето обраќање, тој потсети и на значењето на Преспанскиот договор, кој, според него, претставувал пример за визионерско лидерство и храброст, благодарение на кое Северна Македонија станала членка на НАТО.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ