Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: СЕ ШТО ВЕТИ ВЛАДАТА, СЕ ШТО КАЖАА – ИЗЛАЖАА

За само 10 месеци, Владата на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН покажаа дека ниту знаат, ниту умеат да се справат со проблемите, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Макдонија, Венко Филипче, во своето обраќање по завршувањето на денешните внатрепартиски избори.
Филипче посочи дека Владата не исполни ниту едно ветување, и во секоја сфера од општеството има уназадување.
„Не чека уште една тешка борба, а тоа е да се бориме против оваа Влада на ВМРО ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, којашто во изминатите 10 месеци само покажаа дека ниту знаат, ниту умеат да се справат со проблемите. Се што кажаа излажаа,  не испорачаа ниту едно ветување. Понеспособна Влада државата немала никогаш досега. Нема ниту една област и сфера во којшто нешто добро се случува. Видете што се случува во земјоделството, сите субвенции се намалени.

Видете какви катастрофални политики се воведуваат во образованието. Здравството е на колена. Видете што се случува со платите на работниците, ги убедуваат дека можат да живеат со 400 евра месечно. Какви лицемери седат во Владата“, рече Филипче.

Во обраќањето Филипче порача дека СДСМ е подготвена  и умее да се бори за доброто на државата.
„Имаме обврска пред граѓаните да покажеме дека сме подготвени, дека сме мотивирани, дека знаеме, дека умееме и дека ќе се бориме за доброто на државата, дека ќе ја вратиме државата  на европскиот пат, дека нема да дозволиме граѓаните да бидат манипулирани.
Оттука јасно порачуам, СДСМ е силна, СДСМ е подготвена, СДСМ е консолидирана, СДСМ се враќа на победничките патеки. Ние ќе бидеме тие кошто ќе ја вратиме државата на вистинскиот пат, за дброто на Македонија и на сите граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ