Филипче се налути: Ќе го тужам Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, само лаги и клевети против мене!

0
241

Со очајни и срамни лаги, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ме клевети, но уште пострашно намерно да го поткопува процесот за набавка на вакцини. Лажни и неточни се информациите за сумата која наводно била платена за вакцини, а документите кои се пласираат по нивните портали целосен фалсификат, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Институциите си започнаа постапки со кои ќе се докаже дека немало ништо спорно, ниту е направена било каква финансиска штета. Но, она што ќе остане е штетата која ја направи ВМРО-ДПМНЕ во овој процес и сите блокади и деструкции од почеток на пандемијата. Но, јас веќе нема да молчам веќе. Утре до граѓанскиот суд ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините.

Уште еднаш сакам да порачам, престанете безочно да ги лажете граѓаните со фалсификати и измислици, тоа не ви носи политички поени а сериозно може да ја искомпромитира набавката на вакцините“, додаде првиот човек на здравство.