Monday, December 2, 2024
8.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : СДСМ ПРЕДЛАГА АМАНДМАНИ ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ, ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ПОКВАЛИТЕТНИ ЈАВНИ УСЛУГИ

Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на Предлог Буџетот за 2025 година, со кои предлага конкретни решенија што ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните и за зајакнување на клучните сектори. Фокусот на овие амандмани е насочен кон зголемување на платите во јавниот сектор, особено во образованието, полицијата и пожарникарството, како и кон обезбедување на подобри услови за работа и квалитетни јавни услуги.
„Нашите амандмани не се само бројка. Тие се инструмент преку кој бараме вистински промени кои директно ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Воведуваме зголемување на платите за вработените во јавниот сектор, почнувајќи од образованието и здравството, што ќе ја подигне мотивацијата на работниците и ќе овозможи поквалитетни услуги за сите“, изјави Венко Филипче.
Посебен акцент е ставен на секторот безбедност, каде амандманите предвидуваат зголемување на платите за полицијата за 20%, како и средства за нова технолошка опрема со која ќе се зголеми безбедноста на граѓаните. „Ова е инвестиција во безбедноста на сите граѓани и во обезбедување на подобри услови за нашите полицајци, кои секојдневно се на терен и ги заштитуваат граѓаните“, потенцираше Филипче.
Во секторот здравство, амандманите опфаќаат набавка на нова медицинска опрема и зајакнување на капацитетите на итната медицинска помош. Овие мерки се дел од заложбата на СДСМ да се унапреди здравствениот систем, кој е основа за стабилно и здраво општество. „Граѓаните заслужуваат достапни и квалитетни здравствени услуги. Затоа, нашите амандмани предвидуваат инвестиции кои ќе значат подобар пристап до здравствена заштита за сите“, додаде Филипче.
Амандманите опфаќаат и значајни субвенции за младите земјоделци, со цел поттикнување на руралниот развој и зголемување на производството. Исто така, предвидени се субвенции за домаќинства и транспортни компании кои ќе преминат на електрични возила, што е дел од заложбата за подобра енергетска ефикасност и намалување на загадувањето.
„Овие амандмани се повеќе од предлози – тие се план за Македонија што се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард. Ќе се бориме за нивно усвојување, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, заклучи Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ