Wednesday, November 13, 2024
6.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : СДСМ ПОДНЕСУВА ЗАКОН ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 450 ЕВРА

Прес конференција на претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче и пратеничката група на СДСМ, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, предложија измени и дополнувања на Законот за минимална плата. На прес-конференцијата, Филипче порача дека ваквиот предлог е поради моменталната голема економска несигурност и погрешните економски политики на актуелната власт.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните во иднина“, рече Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче посочи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ не исполни ниту едно ветување во однос на раст на платите. Пред изборите ветуваа дека ќе ја зголемат минималната плата, но реалноста е поинаква не само што нема најава за тоа, туку ситуацијата се влошува.

„Потрошувачката кошничка во септември 2024 година достигна 61.306 денари, цените на основните прехранбени производи растат, а куповната моќ на граѓаните значително е намалена. Само за потсетување, Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и работеше за значително да се подобри животниот стандард на работниците. Во 2016 година, просечната месечна нето-плата изнесуваше 22.460 денари, додека во мај 2024 година достигна 41.252 денари. Ова е резултат на посветените политики кои имаа за цел да го подобрат животот на секој граѓанин, особено на работниците“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потсети дека во времето на Владата на СДСМ, минималната плата беше приоритет и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари.

„Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја. Работниците во Македонија заслужуваат плати кои се во согласност со европските стандарди, а ние како одговорна партија тоа и го исполнивме“, порача Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

РУСКАТА ДРЖАВНА ТЕЛЕИЗИЈА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ ОД МЕЛАНИЈА ТРАМП НА КОИ Е ГОЛА

Американците се и згрозени и лути откако руската државна...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

МАКРОН ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП : ДОСТА Е, АМЕРИКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА НАС

Францускиот претседател Емануел Макрон упати драматичен апел до европските...

ТРАМП ЗА ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ГО НАЗНАЧИ РУБИО

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп денеска потврди дека го назначил...

ШОКАНТНО : НА БЕНЗИСКА ПУМПА ВО ПРИЛЕП СО ЧЕКАН ГО УДИРАЛ ПО ТЕЛОТО

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(56) од Прилеп,...

ДАЛ КАМИОН ЗА МЕБЕЛ , ОСТАНАЛ И БЕЗ КАМИОН И МЕБЕЛ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Н. (53) од...

ЕК : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д, НО НЕ Е ЗАБЕЛЕЖАН ПРОГРЕС

Во извештајот на Европската комисија, се напомнува дека процесот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ