Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: ПОРАКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДЕНЕС СЕ ПОАКТУЕЛНИ ОД КОГА БИЛО

Изјава за медиуми, претседател на СДСМ д-р Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна.

„Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,“ изјави Филипче.

Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

„Тоа е само знак и сигнал дека треба уште многу напорно да работиме, да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија.“

Во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, Филипче повика на враќање кон суштинските вредности што ги промовирал Делчев – единство, заедништво, културен натпревар и градење на национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација – ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока – а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа – да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ