Monday, January 20, 2025
0.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ ОД БИТОЛА : СДСМ ВЕЌЕ Е КРЕНАТА НА НОЗЕ

Задоволен сум што преку еден инклузивен и отворен процес заедно со членството успеавме да ја издигнеме партијата, СДСМ е веќе крената на нозе, ги брани интересите на граѓаните и силно се противи на погрешните политики на власта, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Битола, каде заедно со заменик претседтелката Фани Каранфилова Пановска и потпретседателот Методија Илиевски  присуствуваа на изборна конференција на општинската организација на СДСМ од овој град.
СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, интензивно сме на терен, помеѓу членовите, да го слушнеме нивниот глас и заедно да ги дефинираме следните чекори, додаде Филипче.
-Преку отворени дискусии и размена на идеи, продолжуваме да ја зајакнуваме партијата и да ги дефинираме следните активности. Како што ветив, членовите имаат активна улога во креирањето на политиките кои ќе ја обликуваат иднината на партијата. Отворена врата за секого и заедничко делување. Комуникацијата со членството, со базата е веќе на многу повисоко ниво, достапноста и присутноста на раководството е значително зголемена. Тоа ќе биде дел од новиот начин на функционирање на СДСМ и во иднина, рече Филипче.
Филипче му честиташе на новоизбраниот претседател на ОО СДСМ Битола, другарот Методија Куновски и му посака успешна работа, потенцирајќи дека процесот за избор на претседатели на општинските оганизации на СДСМ привршува успешно.
-Во завршна фаза е целиот процес за избор на претседатели на општинските организации на СДСМ, овој месец привршуваат изборните конференции и во останатите општини. Изборот на луѓето е со широк консензус во рамки на самата партија и во рамки на општинските организации и тоа наша вредност, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Битола.

ОВАА НЕДЕЛА

НАПАДНАТ ЛЕКАР ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

Тетовец нападнал лекар од Клиничката болница Тетово, стои во...

СЕ ЗАПАЛИ КУЌА ВО ДЕЛЧЕВСКО, ЗАГИНА 37-ГОДИШНИК

Пожар утрово изби во селото Чифлик, Делчевско, а притоа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ