Wednesday, April 30, 2025
19.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОШТЕДЕН, НИТУ СЕГАШНИ НИТУ МИНАТИ ФУНКЦИОНЕРИ И СЛУЖБЕНИЦИ

Обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека трагедијата што ја потресе земјата не смее да остане без одговорност. Тој истакна дека довербата во институциите е разнишана и дека граѓаните заслужуваат вистина и правда.

„Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е сериозно нарушена. Ако сакаме да ја вратиме, мора да спроведеме целосна, транспарентна и објективна истрага. Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Ова не е прашање на политика, туку прашање на вистина и правда“, порача Филипче.

Тој апелираше до истражните органи и обвинителството редовно да ја информираат јавноста за текот на истрагата.

„Не смее да остане ниту најмала сенка на сомнеж. Ако постои дури и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество. Обвинителството мора да информира редовно – ако треба и двапати на ден – за секој чекор во истрагата. Граѓаните имаат право да знаат“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека одговорност мора да има за секого, без исклучок.

„Потребна е одговорност од секој еден. Ова не е време за политички пресметки, туку за единство. Треба да покажеме човечност и солидарност. Ветувам дека нема да дозволам политизирање на овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден. Како опозиција, будно и интензивно ќе го следиме процесот за да обезбедиме дека правдата ќе биде задоволена“, заклучи Филипче.

СДСМ останува посветена на транспарентноста, вистината и одговорноста за сите инволвирани во овој трагичен настан.

ОВАА НЕДЕЛА

КОЦЕВСКИ: ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ МОРА ДА ЗАВРШИ ДО 16 -17 ЈУНИ

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека истрагата...

КУМАНОВСКИОТ ОЏАЧАР ДИНО ВО ХУМАНА МИСИЈА ЗА КОЧАНИ

Шеесет и седумгодишниот Амзир Рушити од Куманово, познато како...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ