Friday, June 13, 2025
15.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: НЕ ЗНАМ ДАЛИ Е СМЕШНА ИЛИ ТРАГИЧНО ИЗЈАВАТА ДЕКА СМЕ ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕВРОПА

Во своето обраќање пред граѓаните и членовите на СДСМ во Кочани, Венко Филипче ја коментираше економската состојба и економските политики на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

Тој рече дека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, цените растат, платите стагнираат, додека власта си ги покачува само сопствените плати. Се осврна и на изјавата на Мицкоски дека Македонија е четврта економија во Европа.

„Да излезе премиерот и да каже дека сме четврта економија во Европа – не знам дали е повеќе смешно или трагично“, рече Филипче, потенцирајќи дека реалноста на граѓаните е сосема спротивна.

Тој укажа на рекордниот јавен долг и економските притисоци со кои се соочуваат граѓаните и компаниите:

„На ваква економска ситуација, со практично крахирана економија и седум милијарди евра долг, со кој ги задолжуваат следните, па дури и неродените генерации – тоа е апсолутна катастрофа.“ – рече тој.

Филипче предупреди и на економската блокада што ја трпат домашните бизниси:

„Фирмите не можат да си го добијат назад повратот на ДДВ. Цените не можат, а и не сакаат да ги стават под контрола. Тоа е знак за потполна економска неодговорност.“ – рече Филипче.

Ситуацијата е уште поалармантна со последните податоци за инфлацијата. „Денеска гледаме дека излегуваат официјални податоци – трошоците за живот пораснале за 3,3%, а цените за 1,4% само за овој месец. Тоа е јасен показател дека Владата нема намера да направи ништо за граѓаните. Апсолутно се заинтересирани само за себе“, посочи Филипче.

Тој повтори дека оваа Влада не знае, не сака и не може да им помогне на граѓаните. Економската катастрофа е реална, а граѓаните ја чувствуваат секој ден – на каса, на пазар, на сметки. Потребна е одговорна економска политика, а не евтини флоскули и пропаганда.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

АЛБАНИЈА ЗАМИНА СО ЕКСПРЕСНИОТ ВОЗ ВО ЕУ, ГИ ОТВОРА СИТЕ ПОГЛАВЈА ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ВО ЈУНИ

Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Марта...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ