На брифинг со избрани медиуми, Филипче изјавил дека воопшто не го ни посетил тој имот и дека неговата работа секогаш била чесна.
„Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило. Тие се на таткото на мојата сопруга“.Ова е одговорот на актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека поседува милионска хациенда на Водно и луксузно возило.
На денешниот брифинг за избрана група медиуми, Филипче изјавил дека воопшто не го ни посетил тој имот и дека неговата работа секогаш била чесна.Да се потсетиме. Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, неколку пату побара актуелниот претседател на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче да одговори како се стекнал со хациенда на Водно и џип Ауди Q8. Лефков побара Државната комисија за спречување на корупцијата да го истражи неговиот имот.
– Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени? Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози? Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8? – праша пратеникот Лефков.