Филипче: На сите ни фали гушкањето со пријателите и блиските, но мора да издржиме уште малку

0
758

Одржувањето на физичка дистанца е најсигурниот начин за заштита од коронавирусот, но истовремено и најтешкиот, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

-На сите ни фали физичкиот контакт и гушкањето со пријателите и блиските, но мора да издржиме уште малку. Сепак ова не значи дека треба да се одалечиме, напротив потребно уште повеќе да се слушаме, да разговараме и да одржуваме комуникација со блиските. Ви благодарам на сите што ги почитувате мерките, напиша Филипче.