Филипче: Може да регистрираме поголем број, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција

0
371

Вчера, на прес конференцијата која ја одржа министерот за здравство доц.д-р.Венко Филипче изјави дека од четвртокот до петокот се направи таргетирано тестирање, при што анализата покажа дека болеста тесно се шири во рамки на кластерите, но има и одеден број на нови неповрзани случаи кои исто така се следат постојан и активно се тестираат нивните контакти.

ој предупреди дека не мора да значи дека нема и надвор од кластерите заболени или нивни контакти кои можеби не се пријавени или лоцирани и затоа остануваме максимално претпазливи.

Несомнено е дека имаме втор силен пик кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирање.

Но, зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван и заради скрининг пристапот кој сега го имаме. Денес имаме и највисок број на тестови во 24 часа.

Практично ако претходно се чекаа симптоми за да се тестира сега активно тестираме контакти на болните и уште во рана фаза ги детектираме.

Ова значи дека може да регистрираме поголем број заболени на дневно ниво, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција.

Иако бројката на зар азени е висока, добро е што се шири во рамки на кластерите и од оние кои се веќе во изолација.

Сепак, имаме спорадично ширење на болеста и во други општини во Скопје како и во некои нови општини, што упатува на тоа дека мора да бидеме исклучително претпазливи, строго да се држиме до мерките и да носиме мудри одлуки за следните чекори. – изјави Филипче, пишува Влада.мк.

Тој извести дека заради брзо и ефективно пронаоѓање на сите контакти и новозаболени, прекинат е другиот скрининг со цел целосно искористување на ресурсите за кластерското тестирање. ИзворВладаМк.