Филипче: Мерките беа добро димензионирани и дадоа резултат, благодарност до граѓаните кои ги почитуваат

0
89

Мерките беа добро димензионирани и дадоа резултат. Имаме значителен пад на ново дијагностицирани случаи, а болничкиот капацитет е преполовен.

Од следната недела почнуваат со редовна работа одделенијата за офталмологија и оториноларингологија. Упатувам благодарност до граѓаните коишто ги почитуваа превентивните мерки за време на новогодишните празници.

Ситуацијата е смирена, но не смееме да се опуштиме. Да ги почитуваме мерките. Внимателно ги следиме сите аспекти од епидемиолошката состојба.