Friday, April 25, 2025
20.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ ДОСЕГА СЕ ВОДИ СЕЛЕКТИВНО, СДСМ ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ СИТЕ МЕХАНИЗМИ

Одговор на новинарско прашање, претседател Венко Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека СДСМ дава поддршка на институциите да ја завршат истрагата за трагедијата во Кочани професионално и транспарентно, но дека целиот процес се води селективно.

Филипче потенцираше СДСМ во следниот период ќе следи како се одвива истрагата и ќе реагира доколку продолжи со истата тенденција на селективност.

„Најодговорните во МВР коишто имале ингеренции и на денот на случување на трагедијата и на самото место, не преземале одредени  дејства кои требало и можело да ги преземат. Вчера на Извршниот одбор на СДСМ донесовме заклучок дека ќе ја следиме истрагата, ќе го пратиме процесот како се води, и  доколку оваа тенденција продолжи ќе побараме и Анкетна комисија и сите други механизми кои што ќе бидат на располагање“, рече Филипче.

При тоа тој нагласи дека во оваа во оваа фаза кога истрагата се уште не е завршена, СДСМ  укажува на одредени работи за кои што смета дека е водење на селективна правда и дека таа верига на настани како што ја нарекува Владата, не може да се запре само со поранешните функционери.

Филипче посочи дека токму механизмите како анектената комисија може да бидат  инструмент што ќе даде резултат во водењето на транспарентна и професионална истрага. 

„Истрагата се уште трае и можеби нешто во следниот временски период ќе има некаква интервенција во насока на тоа што ние заедно со правници го констатираме, дека треба да бидат пфатени и други лица со истрагата“, рече Филипче. 

Одговарајќи на новинарско прашање, во врска со независен кандидат за градоначалник на Кочани, Филипче појасни дека тоа е нешто за што треба да се разговара, но дека во ниту еден момент од трагедијата во Кочани не треба политички да се профитира и затоа предлогот е во таа насока.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ