Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани. „Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани.
Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. Во вакви моменти, единствено што е важно е солидарноста и поддршката.
Сега не е време за поделби, туку за обединување во тагата и во напорите да помогнеме.“ стои во објавата на претседателот Филипче.