ФИЛИПЧЕ ЗНАЕЛ И ДА ТЕПА, ПАРТАЛИ ГИ НАПРАВИ ВМРОВЦИТЕ ВО СОБРАНИЕ: Вие сте тешки криминалци научени да крадете по цена на здравјето на граѓаните, спремни бевте да градите нови интерни клиники кои ги нарекувавте нов клинички за 120 милиона евра а ние ги реновиравме за 1 милион, разлика од 119 милиони евра, фирмата која требаше да го гради тој ваш клинички отиде во стечај!

0
983

Конечно треба да сфатите дека криминални зделки на тоа што сте учени веќе нема во нашиот здравствен систем, истакна министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на пратеничко прашање за изградбата на новиот Клинички центар.

-Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични Интерни клиники и требаше да не чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа. Договор потпишавте со компанија, која по неколку месеци отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната Влада за таканаречениот нов Клинички центар. Нормално е дека го прекинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити студијата која беше направена токму од претходната Влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд инвестиција е многу подобро од браундфилд инвестиција за Клинички центар, рече Филипче.

Во тој проект, како што појасни, влезе и се приклучи австриската Влада, лично преку канцеларот Курц и како донација ја ревидираа таа физибилити студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на Клинички центар, како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да пружи интегриран модел на здравствена услуга.

Министерот за здравство посочи дека е направена физибилити студија со предлог проект, а две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“. Едната компанија со одлична експертиза во делот на физичката градба и другата компанија во делот на опремувањето и ставањето во функција на новиот Клинички центар. Филипче истакна дека граѓаните заслужуваат модерен и современ клинички центар и уште еднаш ја повика опозицијата заедно да го сработат овој проект, односно да го поддржат законот.