Филипче: За жал дел од граѓаните не се придружуваат до мерките, па дури и не веруваат дека вирусот постои

0
86

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција порача дека само почитување на мерките за носење маска, одржување дистанца и често миење раце ќе придонесат да се запре ширењето на корона вирусот.

-Денеска се точно три месеци иако се дијагностирираше првата пациентка со корона вирус, којашто дојде од Италија. Сега после три месеци сме на една раскрсница: дали постепено да го враќаме животот во нормала и граѓаните да се придржуваат до мерките за дистанца и заштита или пак, доколку мерките не се почитуваат агоноијата да продолжи и после неколку месеци повторно да воведуваме ресткритни мерки. За жал многу граѓани беа жртви и во ризик од оние граѓани кои овие мерки не ги почитуваа. Факт е дека вирусот нема да замине и ќе мораме да научиме со вирусот, но ќе мораме да се заштитиме.
Задолжително носење маска, одржување дистанца и често миење на рацете. За жал добар дел од граѓаните не се придржуваат до мерките, па и не веруваат дека вирусот постои. Ние со мерките продолжуваме понатаму и тоа е клучот со кој го враќаме животот во нормала. Целосно сме подготвени да се носиме со ситуацијата, рече Филипче.