Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА Е ПОВТОРНО ПОДНЕСЕН, ВЛАДАТА ДА ГО ПРИФАТИ

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти дека денеска СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Овој закон, беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации.
„СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. А, во исто време прифати други закони поднесени од ВМРО-ДПМНЕ без фискални импликации. Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече Филипче.
Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Растот на минималната плата беше приоритет за Владата на СДСМ и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари. Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја.
На прес-конференцијата, Филипче порача дека во овој период граѓаните очекуваат одговорни политики и мерки кои ќе резултираат со реални ефекти.
„Ова не е време за празни зборови, туку за храбри и одговорни политики кои ќе обезбедат видливи резултати. Граѓаните заслужуваат Влада која се грижи и работи во интерес на граѓаните. СДСМ како одговорна партија, секогаш ќе биде на страната на граѓаните. Нашата борба е за секое семејство да има достоен живот, подобар животен стандард со кој сите граѓани ќе можат да ги покријат основните потреби без грижа“, посочи Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ