Филипче: Заев донесе низа тешки, но исправни одлуки

0
177

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи упати поддршка за премиерот Зоран Заев, кој со вчерашното интервју за БНЕС предизвика низа реакции кај граѓаните во Македонија.

Како што вели Филипче, досегашните политики решиле децениски спорови и мора да се продолжи да се чекори по истиот пат.

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитејќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“, напиша Филипче.