Филипче е цар!

0
206
Министерот Венко Филипче, драгиот сограѓанин, е цар!
Прво, ме послуша – митинзи и собирања да нема на плоштадот, туку, како што предложив – на Долни Сарај!

Второ, ја спасува туристичката сезона – живот пулсира, по езерска шир, во невиден душевен мир!

Трето, го спаси “Балканскиот фестивал на народни песни и игри”, кој требаше да се одржи на истата сцена!
Четвро, на ист начин, го спасува и Меѓународниот музичко-сценскји фестивал “Охридско лето”, кој треба(ше) да почне за нецела седмица!

Петто, да види колку и од каде се пополнува Охрид за време на викендите!
И шесто, тука му е местото – во комшилакот, на чекор над сопствениот дом, да демонстрира како се применуваат препораките и здравствените протоколи!

Размислувај глобално, делувај локално!

Филиче е цар!

Фејсбук статус на новинарската легенда, Веле Митаноски.