Saturday, July 12, 2025
24.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: ЕЛЕКТРОНСКИОТ ПОПИС НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ И ДА ПОТВРДИ НАЦИОНАЛНОСТ

Одговор на новинарско прашање на претседателот Венко Филипче – интегрално

„Во однос на пописот. Постојат насоки од ООН како се прави попис. Тие насоки важат за сите земји во светот, не само во Европа. Ако на луѓето не им се даде можност да се регистрираат како нерезиденти, а не се резиденти, односно се смета дека се нерезиденти затоа што живеат во друга земја, ако живеат повеќе од една година и тоа важи како критериум во цел свет, тогаш тие ќе направат се да се регистрираат тука поради тоа што не сакаат да си ги скратат своите права.

И тоа е зошто има резиденти и нерезиденти. Нерезидентите се дел од пописот од земјите каде што живеат повеќе од една година. Меѓутоа што е проблемот и предизвикот со електронскиот попис?

Прво, многу луѓе имаат лични карти коишто се водат на друга дреса, имаат повеќе имот, и голем е тој процент, над 25-26%. Значи дека првиот предизвик на електронскиот попис е дека нема да има вистинска мапа на населението, односно нема да бидат луѓето регистрирани вистински каде што живеат туку само по личната карта е во многу случаи на друго место.

И втората работа што е предизвик за електронскиот попис, ја нема националноста во ниту една електронска база. И кога се вкрстуваат податоците со базите на Фондот за здравствено, со ПИОН, УЈП, со цел тие податоци да се проверат од направениот попис, како што во наше време за време на пописот се вкрстени податоците од шест електронски бази за да се провери каде работното место име, презиме итн, ја нема графата за националност.

Тие тие две работи сметам дека се сериозен предизвик кога станува збор за тоа дали да се прави или не електронски попис.“

ОВАА НЕДЕЛА

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

МИЛОШОСКИ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НИЗ ДРЖАВАТА ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Прес-конференција на Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ