Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : ДУИ ЈА ЗЛОУПОТРЕБИ НАШАТА ПОДДРШКА – НАУЧИВМЕ ОД ГРЕШКИТЕ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ отворено призна дека коалицијата со ДУИ во изминатите години сериозно ја оштети позицијата на СДСМ. Тој ја потенцираше дека вредностите ќе бидат најважна основа за идните коалиции, нагласувајќи дека ваквите грешки нема да се повторат.

„Бевме сервилни кон нашите коалициски партнери, а тие ја злоупотребија нашата широчина. Не вреди да се остане во Влада или да се одржи Владата некој период подолго, а притоа сериозно да биде оштетена нашата позиција“, рече Филипче.

Тој ја објасни оваа позиција како дел од научените лекции од минатото, кои веќе се имплементирани во новиот пристап на партијата.

„Да, ДУИ на некој начин ја трошеше и во значаен дел ја потроши СДСМ како дел од власта. Тоа не е само моја констатација, туку е дел од многу сериозна анализа која што ја направивме“, изјави претседателот на СДСМ.

Филипче истакна дека партијата повеќе нема да прави компромиси кои би ја загрозиле нејзината иднина и принципите што ги застапува. Вредностите и интересите на граѓаните ќе бидат основата за секоја идна коалиција.

„Секоја идна коалиција ќе ја градиме врз основа на вредносните политики. Вакви компромиси, кои сериозно го оштетија нашиот интегритет, нема да се повторат“, нагласи тој.

СДСМ останува посветена на зајакнување на својата позиција како прогресивна партија која ќе ја предводи Македонија со политики засновани на транспарентност, отчетност и вистинска грижа за интересите на граѓаните, потенцира Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ