Филипче до ВМРО-ДПМНЕ: Барам извинување за ова грозно обвинување или ќе поднесам тужба за клевета!

0
1524

Министерот за здравство Венко Филипче реагира дека ВМРО-ДПМНЕ на најподмолен начин се обидува да собере политички поени од прерано згаснат човечки живот. Тој вели дека е лага тврдењето на опозициската партија дека директорот на штипската болница самиот на себе ќе си врши надзор за смртта на 41-годишната пациентика, која почина по компликации од Ковид-19.

-Во моментов течат законските рокови за случајот во пациентката од Штип. Директорот на болницата најдоцна до утре треба да испрати извештај до ДСЗИ, по што ќе се формира Комисија за вонреден стручен надзор.