Friday, June 20, 2025
22.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: ДЕБАКЛ НА ВЛАДАТА НА ЕКОНОМСКИ ПЛАН!

Соопштение за јавност, одговор на новинарско прашање

Луѓето кога одат во маркет сфаќаат колку е лоша економската ситуација, платите не растат а цените дивеат, задолжувањето е огромно,  она што сега се случува е дебакл на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

-Платите не растат, цените дивеат во маркетите, владата не ги контролира ама баш никако а има механизмии има обврска тоа да го прави да ги заштити граѓаните. Инвестициите со коишто оваа Влада се фали се практично инвестиции се изработени од нашата Влада, од СДСМ и сега доаѓаат на реализација. Еве вратете ги сите оние компании ние сме ги промовирале во изминатиот период. Огромно е задолжувањето. Владата кажува дека е намален јавниот долг како процент од БДП кога процентот на БДП се уште не е објавен колку е овој период од говдината. Значи повторно манипулација.

Понатаму последната најава за овие кредити се такво ограничување на фискалниот простор да ништо друго не може да правиме во следните децении. Понатаму каматите и трошоците за живот се толку зголемени, инфлацијата што далеку го надминуваат и растот на бруто домашниот производ. Значи тоа што стои на хартија како бројка граѓаните не го чувствуваат и нема како го почувствуваат како подобрување на нивниот квалитет на живот ниту во следните години имајќи предвид како се одвиваат работите.

Така да сметам дека ова што сега се случува е дебакал на економски план на владата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ