Филипче: Во државава нема случај на заболен од коронавирус, не ширете лаги и паника

0
575

Министерот за здравство, Венко Филипче ги демантираше лажните вести кои се шират на социјалните мрежи декаимазаболен од коронавирус во државава.

Претходно лица блиски до опозицијата, меѓу кои и поранешниот шеф на Кривичниот суд, Владимир Панчевски проширија вест дека има заболен од вирусот.

Професорката Тања Каракамишева неосновано почна да шири паника откако твитна: „Што бараат специјални единици со митралези и борни коли пред Клинички центар?“, на што тој одговори „превентива од коронавирус“.

„На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од коронавирус во Скопје.

Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од коронавирус.

Бидете одговорни и не ширете лаги и паника во врска со коронавирус“, пишува Филипче.