Saturday, May 17, 2025
13.5 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : ВМРО-ДПМНЕ НА МИЦКОСКИ Е БЛЕДА КОПИЈА НА ОНА НА ГРУЕВСКИ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Прес 24 жестоко го критикува актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го „бледа копија“ на партијата од времето на Никола Груевски. Според Филипче, главната разлика помеѓу сегашното и минатото раководство на партијата е само во името на претседателот, додека сè друго е непроменето.

„Се појасно станува дека во ВМРО-ДПМНЕ единствената промена е што сега не е претседател Груевски туку Мицкоски. Сè останато е пресликано како под индиго. Добивме една бледа копија на ВМРО-ДПМНЕ од пред десет години, со далеку понеспособни кадри,“ изјави претседателот Филипче, алудирајќи на неспособноста на новите кадри во партијата да понудат нешто ново и различно.

Тој предупредува дека овој модел на владеење, според него, ќе ги потисне интересите на граѓаните во полза на малку луѓе околу врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е власт која ќе креира политики само за себе и подобните граѓани за ВМРО-ДПМНЕ, а сите останати ќе бидат неважни. Власт која ќе ги држи граѓаните во постојан грч и страв, со дневна пропаганда на поделби, непријатели и дестабилизации. Веќе видено сценарио,“ вели претседателот Филипче, нагласувајќи дека овие политики се рецидиви од минатото.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ нема да работи за подобрување на стандардот на граѓаните, туку само за интересите на одредени поединци и групи кои ќе имаат единствена задача да обезбедуваат гласови на избори.

„Ова ќе биде власт која нема да го подобрува стандардот на граѓаните туку на поединци и групи. Тие поединци и групи ќе имаат за задача да обезбедуваат гласови на избори и тоа е сè што го интересира ВМРО-ДПМНЕ,“ додаде тој.

Претседателот Филипче изрази жалење за недостатокот на каква било позитивна промена во ВМРО-ДПМНЕ.

„Навистина жалам што нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, жалам што не гледаме едно ново модерно владеење, со научени грешки од минатото,“ заклучи тој, повикувајќи на потребата од модернизација и промена во политичката сцена.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МИЦКОСКИ: СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЗДРАВСТВОТО И ТРАНСПОРТОТ ОД 6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани сограѓани, Ваша екселенцијо, Почитувани колеги од Владата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ