ФИЛИПЧЕ : ВИРУСОТ СЕ ШИРИ ПОМЕЃУ НЕВАКЦИНИРАНИТЕ

0
324

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека од наредниот месец ќе биде потребен сертификат за целосно вакцинирани граѓани, нешто што важеше само за граѓани кои примиле една доза на вакцина.

„Тешко е да се каже дали ќе има пад на новодигајностицирани случаи или бројката ќе расте допрва. Затоа се прави анализа со нашиот стручен тим. Што се однесува до вакцинацијата, таа добро се спроведува. Има намалување на интересот за вакцинација во изминатиот период. Корона вирусот се шири помеѓу невакцинираните. Над 90 отсто од сите починати се невакцинирани“, истакна Филипче.