Филипче: Вакцината ја очекуваме на почетокот на следната година, Полска и Грција ни понудија и дополнителни дози

0
272

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното интервју на Канал 5 рече дека се очекува вакцината за Ковид-19 да пристигне на почетокот на следната година.

-Во крајна фаза е оксфордската вакцина. Ние аплициравме за Ковакс системот со кој ќе обезбедува вакцина за 20 посто од населението. Тоа се 800.000 дози, бидејќи секој ќе треба да прими по две дози од вакцината.

Очекувањата се дека вакцината ќе биде достапна на почетокот на следната година. Во првите неколку месеци од наредната година.

Исто така, Полска ни понуди да ни продаде дел од нивната количина. Мицотакис му најавил на Заев дека ќе може да сметаме и на одредена количина и од Грција. Вакцината не е влезена во календарот за вакцини и ќе биде на доброволна база, но ќе имаме силна кампања, вели Филипче.