ФИЛИПЧЕ: БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА ДЕВЕТГОДИШНИОТ МИЛОШ ВО ПОНЕДЕЛНИК

0
581

По сторијата на 24 за малиотМилош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема  пари ниту да направи контроли по извршената операција на срцето реагираше лично министерот Венко Филиче.

Филипче најави дека во понеделник на Милош ќе му бидат направени прегледи, со оглед дека деветгодишното дете е родено со срцева маана, било опериран во Бугарија. Оттогаш, односно девет години не направил никаков преглед, бидејќи родителите немаат пари. Малиот Милош секој ден на училиште пешачи и по три часа или оди со магаре, бидејќи семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.