Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ : АРОГАНЦИЈАТА ЌЕ ЈА ЗАКОПАМЕ ДЛАБОКО ПОД ЗЕМЈА

Новиот Централен одбор на СДСМ е сочинет од поединци кои се почитувани во својата заедница, кои знаат да го почитуваат членството и граѓаните и кои ќе работат во најдобар интерес на сите граѓани. Тој ќе биде одраз на новата енергија што ќе ја внесеме во партија. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во своето обраќање пред присутните на 30-от Конгрес на партијата што се одржува денеска. Филипче потенцираше дека Централниот одбор е одраз на гласот на членовите, месните одбори и општинските организации.

„Моја цел е да создадеме систем во кој кадровскиот потенцијал со кој располагаме, биде распореден исклучиво по својата стручност и компетентност, а не заради блискоста и личните релации со партиското раководство. Принципот е секој да биде искористен таму каде може максимално да придонесе за исполнување на целите на СДСМ“, истакна Филипче. Според претседателот на СДСМ, само на овој начин, со реформирана партија може да се работи на реформа и во државата, бидејќи довербата се гради со дела, а не со празни зборови.

„Обновата започнува од нас“, потенцираше Филипче и додаде дека новото раководство на СДСМ мора да биде пример за посветеност и почитување и секојдневно да се потсетува дека постои за граѓаните, а не обратно. Филипче во својот говор истакна дека пратениците, како најистурената борбена единица на СДСМ, ќе бидат по функција дел од Централниот одбор и нивното непроценливо политичко искуство ќе биде од максимална полза во сите процеси. Претседателот на СДСМ се осврна и на критиките за бавниот избор на новото раководство и истакна дека состојбата во која се наоѓа партијата налагала внимателно бирање на вистинските луѓе.

„Ова се луѓе кои имаат поддршка од членовите и кои може да ги обединат сите од локално ниво па нагоре. Процес кој јас го сметав за инклузивен, со многу разговори, со многу дипломатија и почитување на мислењето на секој. Само низ ваков процес верувам дека можевме да избереме луѓе од доверба на членовите кои ќе ги претставуваат нивните интереси“, рече Филипче. Партијата, додаде Филипче, ќе биде отворена за сите кои се блиски до социјалдемократската идеологија, што била подзаборавена. Солидарноста, како една од клучните социјалдемократски вредности, мора повторно да биде главната водилка на партијата, рече Филипче и порача:

„Со моето доаѓање на чело на партијата сакам едно јасно да порачам. Секој кој ќе биде дел од партијата и од раководните структури е поставен на таа позиција да им служи на граѓаните и на членовите на СДСМ. Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја. Додека сум јас претседател, тоа нема да го дозволам затоа што тоа ја уништува сржта на нашето постоење“.

Во таа насока, Филипче потенцираше дека со посветена работа, новото раководство ќе покаже дека лошите навики можат да бидат искоренети, суетите и предрасудите надминати и дека колективното добро ќе биде секогаш над личните интереси.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ