ФИЛИПЧЕ : АМБАСАДАТА НА САД СУШТИНСКИ ПОДДРЖУВАЧ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

0
187

Амбасадата на САД е суштински поддржувач на здравствениот систем. 🇲🇰🇺🇸 Заедно со директорот на Институтот за јавно здравје д-р Шабан Мемети, денес ја пречекавме амбасадорката и направивме обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и во микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија реазлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД.

Проектот кој започна во 2018 година сега е реализиран и лабораторијата е целосно надградена. Оваа лабораторија ќе служи за менаџирање на било каква криза која во иднина евентуално може да се случи. Благодарност до амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз за заложбите и поддршката во текот на реализацијата на овој проект, но и за целокупната поддршка при справувањето со пандемијата со Ковид 19 вирусот. Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари.

Фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче.