Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска – 28 ноември 2017 година, вторник, ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија, известија од неговиот кабинет. Обраќањето е закажано за во 19:15 часот.
Не е позната темата на обраќањето и дали има поврзаност со денешните апсења на учесници во настаните од „крвавиот четврток“ – 27 април, во Собранието.