ФИКУСОТ од вилата на Водно не помилува само политичари, туку цела режимска банда од сопственици на медиуми, полициски службеници, градоначалници и лица поврзани со оф-шор компании од Белизе, Лугано и од САД!

0
815

На листата помилувани од претседателот се наоѓаат повеќе бизнисмени, сопственици на медиуми, полициски службеници, градоначалници и лица поврзани со оф-шор компании од Белизе, Лугано и од САД, пишува „Призма“.

Според одлуките на Иванов, објавени во „Службен весник“, можат да се видат имињата на Коста Крпач, директор на Финзи ДОО, фирма основана од оф-шор компанија во САД. Компанијата Финзи ДОО, пак, е основач на веб-порталот Нетпрес.

На листата е и Владислав Стајковиќ, првиот човек на фирмата НВСП, која се споменуваше во аудио-снимките, како фирма на која треба да легне израелската донација. Фирмата НВСП е првиот сопственик на агенцијата за обезбедување СГС, која во јавноста се поврзува со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков. Оваа фирма воедно е сопственик на Радио Слободна Македонија и на Три Телевизија Куманово.

И Жарко Луковски, главниот и извршен директор на Т-мобиле, чиј кум е Мијалков, се најде на листата помилувани. Помилуван е и Мирослав Јовановиќ, главен директор за техника и информатичка технологија на Македонски Телеком.

На листата се најде и Живко Пејковски, директорот на затворот „Идризово“, кој најверојатно се нашол на оваа листа поради објавената „бомба“ на опозицијата што се однесуваше на гласање во затворите. СДСМ лани го обвини Пејковски дека во договор со тогашниот министер за транспорт Миле Јанакиески вршеле притисок за тоа како треба да гласаат затворениците.

Целиот текст ОВДЕ