Физичките лица на „таен отстрел“ кај УЈП?

0
455

15 март е крајниот датум до кога физичките лица се обврзани до УЈП да ја поднесат годишната даночна пријава. Се работи за законска обврска за која граѓаните се информирани и генерално според минатогодишните искуства во голем процент истата се почитува, пишува „Фактор“.

Тоа на што поголем број од нашите читатели укажаа, а што е новина од минатата година , за која граѓаните посебно не се информирани и поради тоа сега и се затечени е што од 2015 границата физичко лице по автоматизам  станува ДДВ обврзник доколку ја надмине сумата од 1 000 000 денари. Досега овој износ изнесувашe 3 000 000 денари. Тоа значи дека сите граѓани кој до лани остварувале приходи од 1 000 000 до 3 000 000 денари и не биле ДДВ обврзници, од ова година по автоматизам влегуваат во таа група и се подложни на плаќањето на законски  предвидената обврска. Она што веројатно ретко кој го знае е дека, ефективно со 2015 година, физичките лица може да дојдат во ситуација “присилно” да станат ДДВ обврзници (на период од 5 години) доколку бруто примањата им надминуваат 1 мил. денари (во ова не се вклучени плати и пензии).

Целиот текст ОВДЕ