ФЕЈСБУК ,,ТЕПАЧКА” НА ПОРАНЕШНИТЕ : ЗАЕВ НЕГИРА ДЕКА СПРЕМА ПУЧ ВО СДСМ, ГРУЕВСКИ НИШТО НЕ МУ ВЕРУВА

0
550
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев тврди дека ниту спрема пуч во СДСМ, ниту пак планира да се кандидира за претседател на Македонија. Оваа негова објава на Фејсбук излезе по шпекулациите дека Заев се обидувал да направи пуч во партијата и да ги поткопа позициите на сегашниот лидер, Димитар Ковачевски и дека ќе биде кандидат за претседал идната година, како и дека предлагал предвремени парламентарни избори по кои СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички би ја делеле власта.-Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за претседател на државата. Како претседател на СДСМ ја обединив партијата. А, обединетиот СДСМ заедно со граѓаните урна режим и тоа баш кога тој режим беше најсилен и најразулавен. Јас никогаш нема ниту да помислам да го делам СДСМ, ниту да правам некаков си измислен пуч во СДСМ или било што слично. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество, објави Заев на Фејсбук.

Тој во статусот го споменува и поранешниот премир и лидер на СДСМ, Никола Груевски кој бил меѓу противниците на македонските успеси. На Груевски набргу му јавиле дека Заев го спомнувал, па и тој напиша статус на Фејсбук, во кој тврди дека Заев нема да се кандидира за претседател оти немал поддршка.-Колку сака нека глуми среќен и задоволен, реалноста е друга. Демократија е, па секоја будала може да каже што сака! Секако и Заев! Но, реалноста е друга! А тоа дека не сакал да прави пуч во СДСМ и не сакал кандидатура за Претседател… тоа е затоа што најверојатно од таму од каде му беше единствениот извор на моќ, засега нема подршка. Таман и раката на срце да ја ставеше и да се заколнеше како што некогаш правеше за уставот и името, никој веќе не му верува ништо. Неговото име е синоним за измама во Македонија. Има времиња кога луѓето ти веруваат. Но кога ќе ги измамиш, потоа истото кога го кажуваш, стануваат и си одат, пишува Груевски.