ФЕТАИ ЗА ФОКУС : КАКО И СЕКОГАШ, И СЕГА И СЕКОГАШ САМА СИ ГИ ПЛАЌАМ ТРОШОЦИТЕ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ!

0
784

Да се радуваме заеднички на овој заслужен успех, ни изјави обвинителката штом пристигна во Скопје од Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Италија.

ишата обвинителка Фатиме Фетаи за Фокус изјави дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила.

-Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија.

Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа како заслужен успех, ни изјави обвинителката Фетаи, штом пристигна во Скопје.

Претходно и министерот за правда, Никола Тупанчевски, ни изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.

Инаку, откако вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, Антикорупциската комисија побара Фетаи, Тупанчевски и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев да кажат кој го финансирал нивниот пат во Италија.