ФЕРАТ : ОСВЕН КОРУПЦИЈА, КРИМИНАЛ, НАСИЛСТВО, ЗЛОСТОРНИЧКОТО ДУО КУРТО И ФАТА НИШТО ДРУГО НЕ ЗНААТ ДА ПРАВАТ

0
350

Прес-конференција, Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризаре.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Поминаа 2 години од локалната власт во Шуто Оризаре, освен корупција, криминал, узурпација на државно земјиште, насилство и фалење со проекти од централната власт на СДСМ, злосторничкото дуо Курто и Фата ништо друго не знаат да прават.

Меѓутоа, знаат да возат скапи автомобили, да имаат приватна зоолошка градина, да купиваат скапи телефони со парите на граѓаните.

Почитувани,

На ден 20 ноември 2023 година, поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ.

Имено, истиот во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризаре, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка. Вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот. Поточно на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка.

За да биде неговото самоволио поголемо истиот исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства.

Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризаре, го повикуваме Јавното Обвинителство и сите надлежни институции заедно да застант и да стават крај на ова злосторничко дуо.