ФАТИМЕ ФЕТАИ ГО ЗАМОЛЧИ АДВОКАТОТ НА МИЈАЛКОВ: ДОСТА ДРЖИШ ЛЕКЦИИ!!!

0
3370

Откако дојде струја, попладнево продолжи судењето за случајот „Титаник 2“ за нерегуларности во Државната изборна комисија (ДИК) во 2013, но со кавги меѓу адвокатите и обвинителите од СЈО, околу теоријата за тоа што се вкрстени, а што директни прашања за сведоците. Директните прашања според законот, може да се поставуваат дури откако ќе се сврти еднаш кругот со сведоците, а вкрстените прашања се поставуваат веднаш, од исказот на сведокот на обвинителот, пренесе СДК.

Обвинителката Фатиме Фетаи приговараше и му ги оспори сите поставени прашања на адвокатот Боро Тасевски, кој го брани Влатко Сајковски, поранешен член на ДИК и еден од обвинетите. Се вмеша и адвокатот на Сашо Срцев, Димитар Дангов, но и тој најави вкрстено, а постави директно прашање.

Стана и Љупчо Шврговски, бранител на Сашо Мијалков, и рече дека може од одговорот на веќе поставени прашања да се постават нови, а не судијата на барање на обвинителот да не ги дозволува.

Обвинителот Гаврил Бубевски, нервозен што се изгуби време на незнаењето што се директни, а што вкрстени прашања, се објаснуваше со Шврговски и во тој момент Фетаи го праша судот: „Зошто овде без даден збор од вас чесен суде, колегата Шврговски стана и ни држи предавања на сите?“.

Извор: СДК