ФАБРИЦИО РОМАНО, ЕКРЕМ КОНУР И АТЛЕТИК НА АПАРАТИ – СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ НА СВЕТСКИОТ ЕКОНОМСКИ ФОРУМ ВО ДАВОС СЕ СРЕТНА СО ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, АВРАМ ГЛЕЈЗЕР, РАЗГОВАРАЛЕ ЗА РОНАЛДО И НАЈНОВИТЕ ЗАСИЛУВАЊА НА АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛСКИ ЏИН

0
173

Претседателот Стево Пендаровски на Светскиот економски форум во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер.

Како што Пендаровски напиша на социјалните мрежи, тие разговарале за македонскиот репрезентативен фудбал, за Роналдо, но и за најновите засилувања на Манчестер.

„Со сопственикот на Манчестер Јунајтед Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, напиша Пендаровски.