ПОВЕЌЕ ОД 7 ЧАСА АКТИВНА РАБОТА НА ТЕРЕН.
Поминаа повеќе од 7 часа од почетокот на акцијата за расчистување на снегот од улиците, но поради интензитетот на врнежите од снег активностите сеуште траат и ќе продолжат и во текот на денот.
Изминатите часови се изврши чистење на улици во Автокоманда, Црешево, Железара, Смилковци, Виниче, Триангла, Трубарево, Булачани, Раштак, Ченто и други населени места.
Од рано утрово на терен се приклучија и екипите на ЈКП Гази Баба кои вршат чистење на автобуските постојки и пешачките патеки низ општината.