УШТЕ 80 ТОНИ ОПАСЕН ОТПАД ОД ОХИС ИСПРАТЕНИ НА УНИШТУВАЊЕ ВО ФРАНЦИЈА

0
632

Нови 210 тони контаминирана земја со линдан се спакувани и подготвени во наредните два месеци да бидат транспортирани во Франција. Исто така, и ископани и спакувани се 231 тон на линдан, од кој околу 80 тони уште во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција. Се работи за контаминирана земја која е ископана од малата депонија во ОХИС.

„Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС продолжува со ремедијација на Лот 3, со кој ќе се отстранат 525 тони линдан и 210 тони на земја контаминирана со линдан“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Од таму велат дека како подготвителна активност на ископот и пакувањето на опасниот отпад, на 9 јуни 2023 година е донесено Решение за одобрување на планот за ремедијација за третиот лот кој е доставен од страна на изведувачот на чистењето, компанијата „Полиеко“ (Polyeco), по што истата од 12 јуни 2023 година, како што информираат од МЖСПП, продолжила со работа.