Wednesday, April 23, 2025
9.8 C
Skopje

УШТЕ ШЕСТ МЛАДИ КОИ БИЛЕ ВО КЛУБОТ ВО КОЧАНИ ОД ВЧЕРА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА

Уште шест млади лица кои во саботата биле во клубот во Кочани вчера се хоспитализирани на Токсикологија. Неколку дена по трагедијата почувствувале отежнато дишење и болки во градите од вдишаниот чад.

Министерот за здравство информираше дека нивната состојба е стабилна, но викендот ќе останат под лекарски надзор на Клиниката. Со последните приеми бројката на повредени во големата трагедија надмина 200, а 59 загинаа. Во моментот во македонските болници хоспитализирани се 54 пациенти, најмногу 27 се на клинички, 11 во ГОБ 8 септември, 10 во Стара градска и 6 во приватни болници.

– Генерално се изгореници, некаде имаме и скршеници кои што можеби ќе бидат задржани подолго и ќе треба да се оперираат. Изгореници на слузокожа на дишни патишта, токсичност… рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Вчера на домашно лекување од скопските болници и клиники беа пуштени 10 пациенти, а Таравари најави дека во понеделник дома ќе заминат уште најмалку 5 повредени, но и понатаму ќе се следат.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВИСОКО НИВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски,...

ЉУТКОВ ЗА ТВ СИТЕЛ НАЈАВИ УТРЕ ДО 16 ЧАСОТ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО КУЛТУРАТА

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева...

ХАРВАРД ЈА ТУЖИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ТРАМП

Администрацијата на Трамп во март започна со ревизија на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ