УШТЕ ЕДНО БЕГСТВО ОД ЗАТВОРОТ ВО ИДРИЗОВО : ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ПОБЕГНАЛ, АМА БРЗО ГО ФАТИЛЕ

0
429

„Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната“, соопшти МВР.

Вчера околу 18 часот на подрачје на Гевгелија, полицијата го привела 39-годишниот И.К. од с.Моин, гевгелиско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што е наведено во соопштението, тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната.

„Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната“, соопшти МВР.