Уште една причина зошто Грујо е посран до даска – Tортевски: Од 15 ти овој месец ќе бидам советник во СЈО

0
2690

Искусниот адвокат Александар Тортевски синоќа во емисијата Топ тема на Телма објави дека од 15 ти овој месец се приклучува во тимот на Катица Јанева како советник.

Претходно провладините медиуми заради неговите жесток јавни напади за злоупотребите и криминалите на актуелната власт, шпекулираа дека и тој бил на платениот список на Јанева. Тортевски експресно им одговори дека не е, но е спремен волонтерски да помага СЈО да ги открие криминалите и оние што ги правеле да ја добијат заслужената казна.
Тој синќа се согласи дека одлуката на Иванов за помилување е всушност обид за поништување на СЈО но рече дека ова обвинителство треба да продолжи да собира докази по индициите за сторени злоупотреби што јавноста ги слушна од опозициските бомби од прислушувањето.
– СЈО треба да собира докази, можеби во овој момент и во овие околности и не треба да процесуира пријави во судството – рече тој и нагласи дека правдата сепак ќе ги стигне тие што ги правеле овие злодела.