Уште една перфидна игра на режимот за зачувување на своите верни и проверени измеќари: Собранието премолчено му го продоли мандатот на режимскиот тастер Ушковски во Судскиот совет

0
486

Претседателот на Судскиот совет Бранко Ушковски, чиј мандат завршува во вторник, на 12 април, ќе остане на оваа позиција, најмалку уште 4 месеци, бидејќи Собранието премолчано му го продолжи мандатот, не избирајќи негов наследник, пишува Сведок.

Парламентот пред месец и половина објави оглас за избор на член на Судскиот совет од на „истакнати“ правници, адвокати или професори, кој се избира во Собранието, но до денот на распуштањето, иако завршија роковите за пријавување и имало кандидати, Комисијата за избори не утврди кандидат за нов член на Советот.

Комисијата заседаваше и извши избор на член на Советот на јавни обвинители и на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, но точка за избор на член на судскиот совет не беше ставена.

Ушковски, како член избран преку Собранието на Република Македонија требаше да биде заменет со нов, бидејќи не исполнува услови за нов мандат, а до пензионирање има уште една година, која би ја покрил со апанажа.

Но, во сегашната ситуација, на Ушковски нема да му престане мнадатот како претседател на Советот бидејќи тој има право да тера мандат до три години, но требаше да му престане со тоа што му завршува мандатот како член на Судскиот совет.

Судскиот совет во последниов период требаше да избере судии во основните судови, во апелационите и во Врховниот, но поради неусогласени ставови кого да изберат седницата беа одлагани.

Немаа „кворум“ за избор на судии, но затоа одржаа две експресно закажани седници, на кои, беше суспендиран екс претседтелот на кумановскиот суд Муса Сулејмани и пензионирани и делегирани судии, како и последната седница, на ден пред распуштање на Собранието, на која беа огласени нови места за судии во врховниот и апелационите судови.

Последната одлука, да се распише избор пред распишување на изборите, а да се изберат кандидатите и за време на изборна кампања не е ништо ново, бидејќи Судскиот совет, на ваков начин, пред почнување на важење на новиот закон за кариерно напредување на судиите или пред избори до сега има избрано десетици судии.

Дополнителен мотив зошто Ушковски бил остваен на оваа позиција до завршување на изборите е и внатрешната поделба на Советот и во ВМРО ДПМНЕ, дали на Александра Зафироска треба да и се дозволи по трет пат да стане Претседателка на Советот.

Во партијата на власт имало големо незадоволство од неа, посебно од нејзините роднински релации во Апелациониот суд во Гостивар. Извори за Сведок тврдат дека на Зафировска овој пат не и се од помош ниту „банкарските“ врски од Стопанска Банка Битола и Тутунска банка каде што се вработени нејзините деца.

Планот бил, Ушковски кој беше избран за претседател во март минатата година да остане само една година на таа позиција, до 12 април 2016, за Зафироска да се врати на позицијата, но сега плановите се смениле, па Ушковски ќе остане сигурно до септември, до целосното формирање на Владата и Парламентот и мерење на силите во новата коалиција.

Зафироска во објавените бомби ја слушавме како и реферира на секретарката на премиерот во кое место ќе се распише оглас за судија, како и дека има нејзини кандидати кои ги предложила за судии, а се нотирани во „тефтерчето“ на екс министерката Гордана Јанкулоска.

За Ушковски пак, Трајко Вељаноски се изразува негативно и вели дека едвај го „поминале“ низ општинските комитети. Претходно работел како правник во Министерството за одбрана и центарот за управување со кризи. Тој е единствен претседтел на Советот досега кој не доаѓа од правосудните органи.

Медиумите објавија дека неговата ќерка, член на УМС на ВМРО ДПМНЕ, била назначена за економски промотор.

 Извор: Сведок