Уште една МЕГА БОМБА го тресе режимот: СЈО истражува наплата на провизија при увоз на оружје – Било увезено, оцаринето, оданочено и веднаш продадено и препратено во друга земја!

0
532

Тврдина не е единствен случај каде се истражува набавка на опрема за безбедносниот сектор.

КОД откри дека специјалното обвинителство истражува и увоз на оружје и опрема за потребите на полицијата и војската. Таа зделка одела преку една македонска фирма, но специјалните обвинители имале потешкотии да добијат информации за случајот од УЈП и од царината. Трговијата со оружје спаѓа во 93-та глава од царинската тарифа за стоки за чиј увоз и извоз информациите се доверливи. Но, за обвинителите тоа правило не важи па тие прво добиле копии од документацијата во УЈП од вистлбловери односно пријавувачи на криминал од самата институција. Потоа и официјално институциите дале информации и документи за зделката на СЈО.

Сомнежите се дека при набавката на тоа оружје и опрема е наплатена провизија односно се бара корупција. Имало сомнежи и дека тоа оружје всушност само минало низ Македонија, било увезено, оцаринето, оданочено и веднаш продадено и препратено во друга земја.

Од специјалното обвинителство само кратко соопштиле дека не може да даваат информации за предистражна постапкa.

тестот во целост прочитајте гоОВДЕ