Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

Уште една лага на Груевски исплива на површина: „Новогодишна честитка“ од Веибо Груп – Отказ за 85 вработени

Турско-кинеската компанија „Веибо Груп“ на 85 вработени денеска им даде „новогодишна честитка“ во вид на отказ. Тоа е истата „Веибо Груп“ чиј менаџмент и Владата најавија дека инвестицијата ќе тежи 400 милиони долари, а ќе обезбеди 5600 нови работни места.

Компанијата во слободната зона во Ранковце од лани ја следат контроверзи, откако ја замрзна мега инвестицијата. Како причина ја наведоа неможноста за наоѓање на соодветна работна сила за реализација на големите производни таргети за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка за задоволување на своите интернационални клиенти, меѓу кои и за „Зара“.

Во фабриката беа вработени 600 лица,а според плановите на инвеститорите од пред повеќе од една година, до јуни годинава требаше да бидат вработени 1000 вработени лица. Наместо тоа, пред Нова Година, вработените ги шокираше веста дека остануваат без работа.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ