УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ПОБЕДА НА НИКОЛА ДИМИТРОВ: ЕУ ги укина извозните рестрикци за набавка на медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

0
641

По иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, на која се приклучија сите министри за надворешни работи од регионот, Европската комисија започна консултации со земјите членки за географско прилагодување на предлог регулативата за извозни рестрикции за медицинска опрема, со која земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од обврската за барање на извозни дозволи за набавка на ваков вид на опрема при увоз од земјите на ЕУ, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Новата Регулатива, според МНР, е предвидено да започне да се применува од 26 април, и ќе покрива само една категорија – медицинските лични заштитни маски, за која ќе биде потребна посебна извозна дозвола за останатите земји кои не се изземени од нејзиниот географски опфат. Сите останати категории кои претходно беа предмет на рестрикции ќе бидат ослободени.

Шемата за извозни рестрикции беше воведена како мерка од страна на ЕУ за да се адресира епидемиолошката криза предизвикана од коронавирусот.

Во духот на меѓународната солидарност, новата шема ќе ги обврзе земјите членки на ЕУ експедитивно да ги процесираат барањата и да издаваат извозни дозволи за итни набавки во контекст на хуманитарна помош за справување со коронавирусот, врз основа на проверка за расположливоста, во консултација со Европската комисија.

Со изменетата регулатива, земјите од Западен Балкан ќе бидат целосно изземени од ваквиот механизам на ЕУ за сите видови на медицинска заштитна опрема и материјали.