Уште еднаш се покажа дека Телеком е режимско дувло: Владимир Здравев го начукаа во Одборот на директори

0
1121

49C761AE76A2FE40BBA8B67BB221990A

На денешната седница на Македонски Телеком беа избрани двајца нови членови кои ќе бидат дел од Одборот на Директори.

Се работи за Владимир Здравев и Андреа Шаги, а тие се избрани по оставката на Мелинда Модок.

Нивниот мандат ќе има важност од 4 години.

Инаку, Здравев беше претседател на Советот на општина Центар, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот мандат. Тој истовремено беше и директор на МЕПСО, но од оваа функција мораше да се откаже поради судирот на интереси, на барање на Антикорупциската комисија.