Уште еден резултат на прилепските економски реформи: Бруто надворешниот долг изнесува 70,4% од БДП

0
317

gruevski9-540x296

Заклучно со првата половина од годинава, бруто надворешниот долг на Македонија надмина 7 милијарди и 68 милиони евра, пренесува 24 Вести.

Според новите податоци на Народната банка, надворешната задолженост изнесува 70,4% од БДП.

Од вкупниот надворешен долг најголем дел отпаѓа на државата и на приватниот сектор кои кон странство должат по 1,9 милијарди евра.

Надворешниот долг на Народната банка изнесува скоро 412 милиони евра.

Анализата на податоците покажува дека долгот на крајот од вториот квартал во споредба со состојбата во првиот квартал, се зголемил за скоро 100 милиони евра.

Според критериумот Бруто надоврешен долг како процент од БДП, Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии.